Дерби во Автокоманда: Ученикот против учителот – кој ќе биде поуспешен?

2

Денеска во салата „Автокоманда“ се игра дерби-натпревар од 11. коло во Супер-лигата. Алкалоид е домаќин на Пелистер, мечот е закажан за 18 часот. За избраниците на Кирил Лазаров ова е втор дерби-дуел во една недела, откако претходно играа против Вардар на гостински терен. Битолчани ги пречекуваат од четвртото место на табелата, имаат 16 бода, еден помалку од противникот.

Од друга страна, Пелистер во Скопје доаѓа охрабрен по големата победа против Гумерсбах, па ќе биде дополнително мотивиран.

Дополнителна тежина на оваа средба ѝ даваат токму двајцата тренери. Од едната страна Кирил Лазаров, на другата страна Лино Червар. Ова е „пресметка“ меѓу ученикот и учителот. За првпат двајцата ќе се најдат на спротивставени страни како тренери.

Во минатото секогаш слушавме пофални зборови од Кирил Лазаров, кој секогаш кога станува збор за Червар зборува со воодушевување.

„Кога во 2000 година излегов од Македонија, ме прими како свое дете. Многу напредував покрај него. Спортски многу ме малтретираше, така да кажам, но на крајот сè се исплатеше.“

„Доаѓањето на Червар е позитивно, како и да гледаме, тоа е добро за македонскиот ракомет. Таму ќе се работи квалитетно, одличен избор. Лино Червар е мој учител, често сме во комуникација, му честитав и му кажав дека сега ќе бидеме спортски противници.“

Ниту, пак, Червар штедеше зборови за Лазаров. Кога Кире стана селектор, тој порача:

„Разговарав со Лазаров, тој е најдобриот потег што можеше да го направи РФМ. Не се сомневам дека еден ден ќе биде најдобар тренер на светот. Тој е млад, сака да напредува, сака совети.“

Кој ќе победи денеска, останува да видиме вечерва.

ПретходноЧеферин: Омерагиќ добро го разбира фудбалот и спортско-политичките односи (ВИДЕО)