Судијата тргна кон Дончиќ: Хаос на натпреварот на Лејкерс (ВИДЕО)

1

Лука Дончиќ повторно во центарот на вниманието, но овој пат поради вербален конфликт со судија.

Во дуелот меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Јута, словенечкиот кошаркар влезе во расправија со судијата Тре Медокс додека заминуваше кон соблекувалната.

Еден од најдобрите НБА кошаркари и претходно во текот на натпреварот доби техничка грешка, трета сезонава. Познато е дека Дончиќ често влегува во дискусии со судиите кога не е задоволен од нивните одлуки, но овој пат ситуацијата изгледаше малку поинаку.

На полувремето, додека кошаркарите го напуштаа теренот, Медокс застана и се сврте кон Дончиќ, очигледно незадоволен од нешто што му дофрлил словенечкиот кошаркар. „Што рече?“, извикал судијата, оставајќи впечаток дека е подготвен да ја продолжи расправијата.

Во тој момент реагираше Скот Брукс, кој ја смири ситуацијата и спречи дополнително заострување на конфликтот.

Сè се случи откако Дончиќ упати шут од огромна далечина, речиси од три четвртини од теренот, но топката за малку не заврши во кошот. Додека се упатуваше кон соблекувалната, помина покрај Медокс, но не е познато што точно му кажал. На снимката може да се забележи дека Лука се обидува да се однесува како да не направил ништо спорно.

Тензичната атмосфера продолжи и во третата четвртина, кога техничка грешка ѝ беше досудена на клупата на Лејкерс. Дончиќ тогаш му пристапи на друг судија и му порача: „Не се однесува на тебе“. Според снимката одговорот кој го добил е: „Само не знаеш кога треба да престанеш“, очигледно алудирајќи на постојаните приговори на кошаркарот и стручниот штаб на Лејкерс.

ПретходноТоа е тоа: Флик и Барселона го договорија првото јануарско засилување!