ФИБА Еврокупот воодушевен од Димитријевиќ: Со Нено невозможното изгледа лесно (ВИДЕО)

1

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ продолжува со одличните партии во дресот на Арис, кој оваа сезона игра како препороден. По големата победа над Олимпијакос во домашниот шампионат, тимот на Нено стигна до триумф и во ФИБА Еврокупот, совладувајќи го Ле Ман со 96-86.

Димитријевиќ на оваа средба оствари дабл-дабл учинок од 11 поени и 13 асистенции, со што испиша историја во ова натпреварување според бројот на поделени асистенции.

ФИБА Еврокуп речиси по секој натпревар на Арис издвојува важни моменти, а во фокусот повторно е токму македонскиот репрезентативец.

Овој пат, од натпреварувањето порачаа дека кога станува збор за Нено, невозможното изгледа лесно.

Уживајте во новата магија на Димитријевиќ!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BKT EuroCup (@eurocup)

ПретходноСудијата тргна кон Дончиќ: Хаос на натпреварот на Лејкерс (ВИДЕО)