Со нереални 1:4 тимот на Лидс предмалку во најновото коло од Премиер лигата успеа да слави над Челзи среде Лондон на Сремфорд Бриџ, во една од најголемите победи на овој клуб во последните години.
Одличната изведба на Лидс е олицетворена во погодоците на Калверт – Левин, Окафор и Аронсон, а интересно е што домаќинот поведе со 1:0 преку Емека. Сепак, се после тој гол во првото полувреме беше во знак на гостите кои што одиграа потоа фантастични еден час.
Тотенхем се враќа полека во игра и победи против Ипсвич со 2:0 на свој терен, а со истиот резултат Нотингем обезбеди три бода против Борнмут.
Ковентри со 3:2 беше подобар од Кристал Палас, а Астон Вила и Сандарленд одиграа без голови 0:0.










