Феноменална последна четвртина за гевгеличани: Кожув ја “среди“ Струмица

0

Уф, каква последна четвртина за кошаркарите на Кожув? И само благодарение на тие последни 14:29 или +15, гостите од Гевгелија на крај славеа кај Струмица со 69:75.

Домашните подобро го отворија мечот, имаа предност и во пресрет на последдниот период од +9 поени.

Но, тогаш гостите се разиграа, беа просто незапирливи и на крајот во свој стил, победнички ставија точка на оваа средба. На нешто повеќе од една минута до крајот, струмичани намалија на само -3, но тоа беше се што сторија во тој дел од оваа средба.

Ова беше четврта поведа за кошаркарите на Кожув, имаат и исто толку порази. Додека ова беше шести пораз за струмичани, кои се наоѓаат на последното место на табелата.

Кога сме кај поентерите на овој меч од 8.коло во нашата елитна кошаркарска лига, Пандев и Крафорд со по 13 поени беа најефикасни кај домашните, додека кај победничкиот состав Армстронг со 18 поени беше најефикасен и на натпреварот.

ПретходноШокантно: Мусијала ја завршува кариерата?!