Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за претстојното Европско првенство, ЕХФ ЕУРО 2026. Репрезентативките денеска се собраа во хотелот „Three Corner“ во Скопје, со што и официјално стартуваше националниот тимски циклус пред европскиот предизвик.
Првата проверка за формата и подготвеноста на македонската селекција ќе биде меѓународниот турнир во Анкара, Турција, кој ќе се одржи од 27 до 29 ноември. На турнирот Македонија ќе ги одмери силите со репрезентациите на Финска, Италија и домаќинот Турција. Овие натпревари ќе бидат можност за стручниот штаб да ги провери играчките комбинации и да работи на воигрувањето на тимот пред почетокот на континенталниот шампионат.
На ЕХФ ЕУРО 2026, Македонија ќе настапи во групата Б, која ќе се игра во романскиот град Клуж-Напока. Противнички на нашите ракометарки во групната фаза ќе бидат домаќинот Романија, Норвешка и Швајцарија.
Со стартот на подготовките, ракометарките го започнаа одбројувањето до новиот европски предизвик, на кој ќе имаат можност да го претставуваат македонскиот ракомет на континенталната сцена.











