Денеска од 12 часот, во меч од 14.коло во ПМФЛ, тимот на Струга ТЛ кој е и лидер на табелата, има тешко гостување и тоа кај Брегалница во Штип. Јасно е дека стружани се фаворити, тимот на Бледи Шкемби е во победничка серија и јасно е дека сакаат да останат таму и по ова 14.коло. А за такво нешто потребно е да се дојде до добар резултат во Штип на денешниот меч.
Во пресрет на денешното гостување, свој коментар има дефанзивецот на Струга ТЛ, Ландрит Рама:
“Мислам дека многу добро ја искористивме паузата за да ги отстраниме дури и најмалите грешки, па мислам дека сме подготвени за овој меч со Брегалница. Знаеме дека ќе биде тежок натпревар, но ние сме Струга Трим Лум и знаеме како да го направиме тоа дури и во вакви натпревари. Победата е главната цел, па веруваме дека на крајот ќе ја постигнеме нашата цел.“ потенцираше Рама и дополни…
„Физички сме во многу добра состојба и сите сме подготвени да го дадеме својот максимум, исто како и на секој друг натпревар. Токму овој наш пристап како тим, со целосна посветеност на сите играчи, нè доведе до врвот на табелата, каде што веруваме дека ќе останеме и по натпреварот во Штип.“















