Победа на Сантандер во гол – шоуто со Сосиедад!

0
ФОТО:.facebook.com/realracingclub/

Расинг Сантандер го победи Реал Сосиедад со 3-2 на Ел Сардинеро во спектакуларен натпревар од 13-то коло на Ла Лига. Јасер Забири постигна два брзи гола за домаќините, гостите успеаја да израмнат, но Серхио Каналес му донесе успех на Расинг од пенал. Расинг поведе во шестата минута. По центаршутот на Рамон, Јасер Забири ја пресече топката со левата нога и ја испрати во мрежата на Алекс Ремиро за 1-0.
Само две минути подоцна, Мароканецот го дуплираше водството. Ремиро направи грешка играјќи со нозете надвор од шеснаесетникот, Забири му ја одзеде топката и постигна гол во празната мрежа за 2-0.
Во 17-та минута, домаќините беа блиску до трет гол, но ударот на Серхио Каналес ја погоди стативата откако интервенираше Ремиро.
Реал Сосиедад ја намали својата разлика во продолжението од првото полувреме. Серхио Гомез центаршутираше од левото крило, а Микел Ојарзабал ја контролираше топката и ја испрати во горниот агол за 2:1.
Во 60-тата минута, Гонзало Гедеш ја врати рамнотежата со силен удар надвор од шеснаесетникот, во кој голманот Хулен Агиресабала не можеше да се справи со одбиената топка.
Само пет минути подоцна, Расинг доби пенал а Серхио Каналес реализираше за 3:2.

ПретходноРоманија во тага: Почина двојниот освојувач на „Златната копачка“!