Македонскиот ракометен репрезентативец и интернационалец, Филип Талески има нов клуб.
Предмалку е промовиран како нов член на екипата на Сухр Арау од Швајцарија, клуб кој што секако се натпреварува во најсилната конкуренција на оваа земја.
Последно тој беше дел од домашниот шамшионат, односно го носеше дресот на Охрид, а претходно играше и за Татабања, Вардар, Пелистер, Бенфика. Извесен период од својата кариера мина и во Германија.
Сега веќе 30. годишниот бек мина доста во неговата досегашна кариера, а и за репрезентацијата на Македонија одигра шеесетина мечеви.










