Хамилтон бесен на Леклер: Можете ли да му кажете да од**бе?

0

Новиот судир меѓу Луис Хамилтон и Шарл Леклер ја продлабочи кризата во Ферари, откако двајцата возачи на италијанскиот тим се судрија на Големата награда на Лас Вегас. Инцидентот се случи во 38. круг од трката, кога Леклер се обиде да го претекне својот тимски колега, но при маневарот удри во неговиот болид и го исфрли од идеалната линија.

Хамилтон, кој претходно се обидуваше да го мине Оскар Пјастри од Мекларен, по контактот се заврте на патеката и падна на десеттата позиција. Неговата реакција преку тимското радио беше жестока, па од инженерот побара веднаш да интервенира.

„Можете ли да му кажете да од**бе? Се обидувам да ги стигнам возачите пред мене“, порача видно изнервираниот Британец, користејќи и многу погруба формулација.

Незадоволството беше обострано. Леклер, кој сметаше дека Хамилтон му го затвора просторот за претекнување, исто така испрати порака до тимот.

„Мора да внимава со затворањето на просторот, бидејќи ова нема добро да заврши“, порача возачот од Монако.

ПретходноАлији како Шаќири… со гол од корнер до израмнување против Брегалница (ВИДЕО)
СледноПСЖ тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити?!