И покрај тешкиот удар кој му се случи на Тиквеш неколку дена пред дуелот со Вардар, екипата од Кавадарци вчера среде Скопје на теренот на првакот одигра пефектен натпревар и стигна до преубедлива победа од 3:0 кај првакот.
Висдом Окере, фудбалерот со број 23 од Нигерија е протеран од земјава, откако државните институции реагирале и му наредиле да ја напушти Македонија. На два дена до дербито со Вардар се случил хаос во Кавадарци, кој внесе немир во клубот и голем потрес во екипата. Нигериецот кој игра во средината од теренот и кој е еден од најдобрите играчи во земјава оваа сезона, истиот тој поради кого Тиквеш службено го загуби Куп дуелот со Вардар, иако „црвено-белите“ славеа на зелениот терен со 1:3.
Окереке немал лекарски преглед (на негово место ставена белешка за друг играч). Таа жалба беше експресно прифатена и процесуирана по која Вардар на зелена маса избори пласман во ¼ финалето. Но ете, овој чин – одлуката да се протера Окере од земјава направи контра ефект во екипата. Останатите играчи одиграа перфектно, тренерот Богатинов речиси и да не покажа слабост и склопи екипа во чија што игра не се осети дека го немаат Окере.
Ги имаа бразилците Лусианињо и Ренатињо кои заедно со извонредниот Тео Николовски го „тресеа“ Вардар, но иако не дадоа голови Камара, Рамадани и голманот Стевковски беа одлични со настап за паметење.
ЌЕ СЕ ВРАТИ ЛИ ОКЕРЕ!? ДАЛИ ЗАКОНИТЕ СЕ ИСТИ ЗА СИТЕ!?
Тоа што државните институции констатирале дека фудбалерот Висдом Окере нема регуларен престој во земјава е за поздравување и треба да се почитуваат законите во земјава кога станува збор за ваков тип на прекршок. Закон е закон и треба да биде ист за сите. Но дали е ист за сите!? Дали и останатите фудбалери и спортисти кои доаѓаат од надвор имаат сите регулирано престој и имаат валидна документација!? Еве нека се почне со итна истрага и да се направи истата одлука како и за Висдом Окере. Да биде исто за сите, за да нема сомнежи дека некои одлуки имаат позадина, а некои се премолчуваат. Имињата на странци во секој клуб се познати. Една итна постапка и тоа веднаш пред да се одигра следното коло. Кој има дозвола може да игра, кој нема – дома!
СпортСпорт дознава дека Окере е во Истанбул и таму чекал документација за да се врати во Македонија. Дали ќе се врати!? Тоа не се знае…















