Горан Кузманоски доминира на Кипар: Строволу го презеде врвот!

1

Македонскиот тренер, Горан Кузманоски, не можеше да посака подобар старт со својот Строволу во кипарскиот шампионат. По четири кола, нашиот стратег има скор од три победи и само едно реми.

Викендов Кузманоски го доби дерби-дуелот против Парнасос со убедливи 33-27, потврдувајќи го импресивниот почеток на својата екипа во елитното друштво во Кипар.

Според информациите, натпреварот се играл пред полни трибини, а тимот на македонскиот стратег во текот на целиот меч имал предност и од седум гола.

Сега Строволу има седум бодови и се наоѓа на првото место на табелата. Во списокот на добрата серија на Кузманоски е бранителот на титулата, Анартозис, против кого со неговиот тим запишаа реми.

ПретходноВасоски: Посакувам добар резултат против Шкендија