Најдобрата кошаркарска репрезентација ги стартуваше мини – подготовките пред дуелот со Кипар, во рамките на претквалификациите за пласман на ЕП. Овој меч се игра на 26 ноември на свој терен, а атмосферата во националниот табор е на високо ниво. Сите се уверени во добро издание на четата на селекторот Берокал, секако и на победа.
Во пресрет на натпеварот свое видување има Виктор Ефремовски:
„Да, мислам дека треба да продолжиме со добри резултати. Наскоро ќе ни се приклучи и Димитријевиќ, а и самиот ростер ќе биде малку поширок, што е секогаш добро за нас. Ја повикувам публиката да дојде во што поголем број и да ни даде поддршка.
Тренерите ќе направат добар скаутинг на Кипар, гледавме малку и видео-снимки од нивниот меч со Австрија. Мислам дека можеме да победиме, не очекувам ништо друго“, изјави Ефремовски.










