ПМФЛ: Бод за Шкендија, бод за Силекс во меч со многу емоции на Арената во Скопје!(ФОТО)

0

Шкендија – Силекс 1:1 е исходот од последниот меч од 14.коло во ПМФЛ. Нов кикс на тетовци во битката за титулата. Сега се на -4 во однос на лидерот Струга ТЛ.

Тамба донесе водство во 19.минута, а Манојлов израмни во 53.минута. Добар Силкс кој го заслужи ова реми.

Натпревар со многу емоции за сите во таборот на тетовскиот клуб, ова беше прв меч без тренерот Агрон Мемеди кој пред неколку дена почина на само 45 години.

Шкендија мечот го “отвори“ агресивно и напаѓачки. Уште во 6.минута Криезиу ја погоди стативата на кратовци. Во 19.минута тетовци дојдоа во водство со голот на Тамба откако беше убаво проигран од Ѓорѓиевски.

На другата страна Мишов опасни се закани, но сепак на пауза се замина со тие 1:0.

На почетокот од второто полувреме гостинот од Кратово опасен, и тоа како, Мишов имаше голема шанса да израмни. Сепак тимот на Васоски израмни во 53.минута и тоа со голот на Манојлов. Заслужено од тоа што можеше да се види на теренот.

Неколку минути подоцна Богдановски можеше да донесе целосен пресврт и 1:2, но не успеа, а Шкендија се закани преку Крстевски во 70.минута, но и натаму на семафорот стоеја тие 1:1.

Во продолжение и двете екипи креираа добри акции, имаше и некои закани по головите на Гаје и Џеков, домашниот состав ја погоди и стативата во 90+2.минута преку Меличи, но сепак на крајот и Шкендија и Силекс мораа да се задоволат со освојување на по еден бод во меч кој беше од исклучитечна важност.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.

No description available.

ПретходноНено утре се приклучува: Сениорите го одработија првиот тренинг во “Градски парк“!(ФОТО)