Ефремовски: Против Кипар можеме да победиме, не очекувам ништо друго!

0
фото: mkd.basketball

Најдобрата кошаркарска репрезентација ги стартуваше мини – подготовките пред дуелот со Кипар, во рамките на претквалификациите за пласман на ЕП. Овој меч се игра на 26 ноември на свој терен, а атмосферата во националниот табор е на високо ниво. Сите се уверени во добро издание на четата на селекторот Берокал, секако и на победа.

Во пресрет на натпеварот свое видување има Виктор Ефремовски:

„Да, мислам дека треба да продолжиме со добри резултати. Наскоро ќе ни се приклучи и Димитријевиќ, а и самиот ростер ќе биде малку поширок, што е секогаш добро за нас. Ја повикувам публиката да дојде во што поголем број и да ни даде поддршка.

Тренерите ќе направат добар скаутинг на Кипар, гледавме малку и видео-снимки од нивниот меч со Австрија. Мислам дека можеме да победиме, не очекувам ништо друго“, изјави Ефремовски.

ПретходноЛино Червар: Нема да биде лесно, ама ќе се обидеме да го победиме Вибжеже Гдањск!