СпортСпорт го најави, ФФМ го реализира: Вардар од Галатасарај ќе игра за Македонија!

328

Речиси пред една година „СпортСпорт“ пишуваше за млади фудбалски имиња со македонско потекло кои би можеле да го облечат националниот дрес. Едно од нив, кое тогаш го најавивме, е фудбалерот на Галатасарај, Омер Дорук Вардар.

Фудбалската федерација на Македонија тогаш воспостави контакт со него, односно со неговото семејство, а денеска пристигна и потврда дека тој ќе биде дел од македонската репрезентација до 16 години. Младите фудбалери денеска и на 26 ноември ќе одиграат два пријателски натпревари против Црна Гора.

Станува збор за доста млад и талентиран фудбалер со офанзивни карактеристики, на кого треба да се смета во плановите за младинските селекции. Секако, доколку продолжи да се развива во посакуваната насока, во иднина би можел да биде интересен и за сениорската репрезентација.

ПретходноДамјановска: Европското првенство е сон, сакаме да ја направиме Македонија горда