Црвениот картон и суспензијата на Јоро веќе не важат

0

Една мака помалку за тимот на Манчестер Јунајтед. Црвениот картон кој што Лени Јоро го доби на дуелот против Ливерпул е поништен, и автоматски повеќе не важи ниту суспензијата која што е облигациска по таква санкција.

Дефанзивецот беше исклучен во седмата минута откако го собори Александар Исак на работ од шеснаесетникот. Судијата Самуел Барот веднаш му покажа црвен картон на Французинот, а ситуацијата беше разгледана од ВАР, кој ја потврди неговата одлука.

Сепак, надлежните во Фудбалската Асоцијација го потврдуваат спротивното и Јоро не е повеќе суспендиран.

ПретходноРеми на кадетите против Црна Гора на гости