Парите од продажбата на Челзи досега донеле речиси 400 милиони фунти само од камати!

1
Блокираните средства од продажбата на Челси генерирале повеќе од 100 милиони фунти само од камати во последната година, открива „Сан“.

Финансиските извештаи поврзани со поранешниот сопственик на лондонскиот клуб, Роман Абрамович, покажуваат дека за 12 месеци, заклучно со 30 јуни 2025 година, биле акумулирани камати во висина од 103,9 милиони фунти. Со тоа, вкупната сума од камати собрани од продажбата на клубот пред четири години се приближува до неверојатни 400 милиони фунти.

Рускиот милијардер беше принуден да се откаже од сопственоста на „Стемфорд Бриџ“ во 2022 година, по почетокот на руската инвазија врз Украина. Челзи беше продаден за 4,25 милијарди фунти на американскиот бизнисмен Тод Бели и инвестицискиот фонд „Клирлејк Капитал“.

Уште при продажбата, Абрамович најави дека средствата ќе бидат донирани во добротворна фондација за помош на настраданите од војната. Сепак, огромната сума од 2,5 милијарди фунти и понатаму останува блокирана на банкарска сметка во Велика Британија поради сериозниот спор со британските власти околу начинот на кој треба да се распределат парите.

Британската влада инсистира средствата да бидат наменети исклучиво за помош на жртвите од војната во Украина. Во декември минатата година беше издадена и лиценца со која се овозможи парите законски да бидат префрлени за хуманитарни цели. Абрамович, сепак, инсистира дел од средствата да бидат искористени и во Русија, што Лондон категорично го одбива.

Случајот неодамна повторно беше отворен и во Домот на лордовите, што го потврди Карен Брејди. Британските власти веќе упатија официјално предупредување до Абрамович дека би можеле да покренат судска постапка против него доколку продолжи да го одложува ослободувањето на милијардите.

ПретходноВиктор Ташовски: Да ја израдуваме македонската публика со нова победа!