Киф на клупата на Вашингтон забележа 50 победи и 173 порази, односно процент на успешност од 22,4 отсто. Според ESPN, тоа е најлошиот процент меѓу сите тренери во историјата на НБА-лигата кои воделе најмалку 200 натпревари. CBS наведува дека тој е втор најлош меѓу тренерите со најмалку 100 натпревари.
Капорн ќе го води тимот до крајот на сезоната
До крајот на сезоната тимот ќе го предводи неговиот прв асистент, Адам Капорн.
„Ваквите одлуки никогаш не се лесни, но дојде време тимот да продолжи напред со нов глас“, изјави претседателот на клубот, Мајкл Вингер.
„Адам ја има целосната поддршка од организацијата и со нетрпение очекуваме тој да го води тимот до крајот на сезоната“, додаде Вингер.
Кифе ја презеде клупата на Вашингтон како привремен тренер во сезоната 2023/24, откако отказ доби Вес Анселд Јуниор. Следното лето доби постојан ангажман.
На последниот натпревар против Орландо, Вашингтон на полувремето имаше дури 30 поени негатива.
НБА, РЕЗУЛТАТИ:
Вашингтон – Орландо 91:116
Шарлот – Бруклин 116:118
Чикаго – Индијана 108:107
Милвоки – Оклахома 118:111
Хјустон – Филаделфија 131:93










