Македонските ракометарки го освоија турнирот во Анкара, падна и Турција

8
Женската сениорска репрезентација на Македонија го заврши настапот на меѓународниот пријателски турнир во Анкара со максимален учинок, совладувајќи го домаќинот Турција со резултат 30-27, откако и на полувремето водеше со 16-15.

Најдобри стрелци во македонскиот состав беа Сара Ристовска со шест, Јована Кипријановска со пет и Бојана Коцева со четири погодоци. По трипати погодија Теодора Дукоска и Катерина Дамјаноска.

Претходно нашите ракометарки беа подобри од Финска и Италија.

Ова е последен тест пред почетокот на Европското првенство. Првиот натпревар на континенталното натпреварување Македонија го игра на 4. декември против Швајцарија, два дена подоцна игра против Романија, додека на осми ќе ги одмери силите со Норвешка. Клуж е град домаќин на нашата група.

ПретходноМоќната Барса го прегази Депортиво на „Риазор“