Македонскиот репрезентативец Љупче Дориев беше главен актер во победата на Согдиана над Навбахор Наманган со 2:1, во натпревар од 29. коло во првенството на Узбекистан.
Струмичанецот го отвори резултатот во 13. минута, реализирајќи пенал, а во 82. минута се најде во улога на асистент, испраќајќи одлична топка до Болтабоев, кој го постигна победничкиот гол. Гостите претходно израмнија од белата точка преку Норчаев во 30. минута.
Со овој триумф Согдиана освои исклучително важни три бода. Дориев продолжува да ја предводи листата на стрелци во узбекистанското првенство со 16 погодоци, додека неговиот тим сега има 36 бода и се наоѓа на десеттото место.










