Реакции на сите страни: „Тоа е срамна одлука, никој не скока така“

0

Поранешниот англиски репрезентативец и фудбалски аналитичар Мика Ричардс остро реагираше на одлуката на ВАР да не досуди пенал за Манчестер Сити во последните моменти од дербито со Арсенал, кое заврши 2:2.

Во 97. минута, ударот со глава на Јошко Гвардиол беше блокиран со раката на Виктор Ѓокереш, но по проверката на ВАР беше одлучено дека раката на напаѓачот на Арсенал била во природна положба.

„Тоа е срамна одлука. Кога скокате така? Ако се подготвувате за дуел и рацете ви се на градите, тоа е разбирливо, но ова да не се досуди во последните моменти од натпреварот е срамно“, порача Ричардс.

Неговото мислење го споделија и други фудбалски аналитичари. Гери Невил одлуката ја оцени како шокантна, додека Рој Кин рече дека станува збор за одлука што тешко може да се разбере.

ПретходноИсторија: За првпат во 119 години постоење, Сириус е шампион на Шведска!