Вардар сигурен во Битола, Бутел извади реми во Богданци

0

Ракометарите на Вардар 1961 ја запечатија и 12-тата победа сезонава во Суперлигата. На гостувањето во Битола против вториот тим на Е. Пелистер, „црвено-црните“ славеа со 31-39. „Црвено-црните“ уште во првото полувреме ја најавија победата, заминувајќи на пауза со предност од пет гола (17:12), а во вториот дел дополнително ја зголемија разликата. Љевар и Стојановски постигнаа по 8 гола за Вардар, додека Митревски и Крстевски погодија по 7 пати за домашните.

Младост и Бутел Скопје одиграа нерешено 30:30 во спортската сала „Млаз“ во Богданци. На полувремето домашниот тим имаше минимална предност од 15:14, но гостите успеаја да се вратат и да освојат бод. Владимир Бојаниќ беше незапирлив во редовите на Младост со 11 гола од исто толку обиди, а Даниел Андоновски постигна девет. Кај Бутел, Петар Николоски беше најефикасен со седум погодоци.

Ракометарите на Тиквеш 2014 славеа над Струга со 28:26. Домашниот тим имаше предност и на полувремето од 13:11, а во продолжението успеа да ја сочува предноста и да ја забележи победата. Најзаслужен за триумфот на Тиквеш беше Мохамед Азиз Бен Махфуд со 11 погодоци, додека кај Струга, Никола Јукиќ беше најефикасен со седум гола.

Прилеп победнички се враќа од Куманово, откако вечерва го совлада домашниот тим со 25-19. Димитриоски со 9 гола беше најзаслужен за триумфот на гостите.

ПретходноАлкалоид го завери пласманот во осминафиналето во ЕХФ Европскиот Куп