Илоски носи нова победа за Филаделфија (ВИДЕО)

1

Потенцијалниот македонски репрезентативец, Милан Илоски повторно е стрелец за својот тим, екипата на Филаделфија.

Реализираше пенал во 86. минута во дуелот со тимот на Њу Ингланд на домашен терен и обезбеди минимален триумф од 1:0.

Со ова тимот на Филаделфија изедначи на 1:1 во плеј оф серијата и сега за пласманот понатаму ќе одлучува третиот и воедно последен дуел кој што се игра на 3 декември.

Илоски во моментов има 19 постигнати гола сезонава.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 15.КОЛО: Мелиќи повторно ја покажа својата класа