Неверојатна завршница на сезоната во шведското првенство! Сириус за првпат во својата 119-годишна историја ја освои шампионската титула, откако во последното коло славеше на гостувањето кај Гетеборг со 1:0, а Хамарби истовремено загуби од Вестерaс со идентичен резултат.
Херој на тимот од Упсала беше Залан Ванча, кој го постигна победничкиот гол во 87. минута. Во исто време, Хамарби, кој пред последното коло имаше подобра гол-разлика и сам одлучуваше за титулата, не успеа да ја оправда фаворитската улога.
Сириус ја завршува сезоната со 64 бода, три повеќе од Хамарби, и го освојува првиот шампионски пехар во историјата на клубот. Успехот е уште поголем ако се знае дека во еден момент од сезоната тимот имаше дури 14 бода предност, но во финишот дозволи ривалите да се вратат во трката за титулата.










