Македонската женска кадетска репрезентација дојде до победа на последниот квалификациски натпревар и обезбеди пласман на Европското првенство 2027. Нашите млади надежи го добија најважниот натпревар, против Грција славеа со 13-18 (8-9).
Македонија одигра одлично второ полувреме, во кое доминираше. После 11-11, „црвено-жолтите“ направија серија од 4-0 и поведоа со 11-15. Ова водство се покажа како клучно во градење на патот кон победата. Избраничките на Славиша Димитријески имаа и позитива после првото полувреме, но истата беше минимална 8-9.
Претходно Македонија славеше против Косово, а беше поразена од Литванија. Со скор од две победи и еден пораз завери пласман на континенталното натпреварување.
Ангела Опетческа со пет гола од шест обиди беше прв стрелец во нашите редови.










