ТИМ И ИГРАЧ НА 15.КОЛО: Мелиќи повторно ја покажа својата класа

98

На екстра тежок терен во Кавадарци, во големото дерби на гости кај Тиквеш, младиот стопер на Шкендија и репрезентацијата на Македонија уште еднаш ја искажа сета своја класа. Анес Мелиќи со само 20 години е еден од најдобрите стопери во ПМФЛ, а мак – фудбалот во него има екстра дефанзивец. И не само што постигна гол за конечни 0:2, Мелиќи перфектно си ја одработи и својата дефанзивна задача против напаѓачите на Тиквеш, а познато е колку се тие опасни.

Токму затоа според „СпортСпорт“, Мелиќи е играч на ова 15.коло. Покрај него од Шкендија во идеалниот тим се и Трумчи и Красниќи, тука се и Џеков, Шуберт и Донов (Силекс), Николов и Закариќ (Вардар), Цветков и Ангелов (Скопје), Велкоски (Брегалница).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

АНЕС МЕЛИЌИ

Тим: Шкендија Тетово

Роден: 09.01.2006 во Скопје

Кариера: Шкендија

ПретходноШампионски печат: Антонели славеше и во Катар
СледноИлоски носи нова победа за Филаделфија (ВИДЕО)