Милвоки се избори за „мајсторка“, Миделтон испиша историја (ВИДЕО)

639

Милвоки успеа да го совлада Бруклин во шестиот меч од полуфиналето на Истокот со 104-89 и се избори за мајсторка, која ќе го одлучи патникот во конференциското финале.

Јанис Адетокумпо беше стандарден, мечот го заврши со 30 поени и 17 скока, но за триумфот на Бакси и тоа како свој удел имаше Крис Миделтон. Пружи партија за паметење, зад своето име запиша 38 поени, што е негов рекорд во разигрувањето.

Од игра имаше 11/16, за три поени 5/8, додека од линијата за слободни фрлања промаши само еднаш 11/12. На овој учинок додаде 10 скока, пет асистенции и пет украдени топки. Миделтон стана првиот играч во историјата на НБА-лигата, кој постигнал најамлку 30 поени, 10 скока, пет асистенции, пет украдени топки и пет тројки, во разигрувањето.

Нетси веќе втор меч во низа се без Кајри Ирвинг, кој се повреди. Но, ниту Џејмс Харден не изгледаше премногу расположен, имаше 16 поени. Кевин Дурент беше одличен, запиша дабл-дабл од 32 поени  и 11 скока, кои не беа доволни за победа.

ПретходноФудбалерите ги спакуваа куферите, летаат за Амстердам
СледноУкраинецот кој прв ја „матираше“ Македонија направи шоу на прес-конференцијата (ВИДЕО)