Работнички ги закажа “контролките“ за ова лето, почнува со Шкупи

866

Веќе три дена фудбалерите на Работнички се во тренажен процес. Во очекување на нови засилувања, „романтичарите“ се во силен ритам, работат во својата база во Градски парк и така ќе биде се до 16 јули кога се селат на десетдневни подготовки во Охрид.

Што се однесува до планот за пријателските натпревари во пресрет на стартот на сезоната, и тој е дефиниран. Стратегот Александар Влахо планира најмалку девет вакви тест – натпревари.

Ќе се започне со пријателската со Шкупи, овој меч се игра на 30 јуни. Следен ривал е Македонија ЃП за на 3 јули, четири дена подоцна спаринг – партнер на “романтичарите“ ќе им биде тимот на Тиквеш. Веќе на 10 јули се игра против Академија Пандев.

Во Охрид се закажани четири меча. Со Ренова на 21 јули, потоа со Охрид три дена подоцна. Се бараат уште две екипи за одигрување на уште два меча, додека “генералката“ ќе биде со Саса на 30 јули.

ПретходноИ Марио Крстовски би можел да си замине од А. Пандев!
СледноЕриксен пуштен од болницата во Копенхаген, прво ги посетил соиграчите