Гвардиола: Еден играч од Мундијалот дојде здебелен, не знам како е тоа можно!

5211

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола откри дека англискиот играч од средниот ред Калвин Филипс се вратил од Светското првенство со вишок килограми.

Додека репрезентативците Џон Стоунс, Фил Фоден и Џек Грилиш играа во победата од 3-2 против Ливерпул, Филипс остана надвор од тимот.

“Не, тој не е повреден. Тој дојде од Катар со прекумерна тежина. Не знам зошто. Не дојде во физичка кондиција подготвен за тренинзи и натпревари. Ни треба и ќе игра само кога ќе биде целосно подготвен”, изјави Гвардиола за 27-годишниот играч за врска кој го плати 49 милиони евра во јули.

„Дали сум разочаран што се појави таков човек во клубот? Нека остане меѓу мене и него“, додаде тренерот за играчот кој оваа сезона одигра само четири натпревари за Сити поради повреда на рамото и кој одигра 40 минути за Англија во Катар.

ПретходноБензема испрати нова порака до Дешамп!
СледноМурињо ќе ја издаде својата татковина!