Иако СП во Катар веќе е минато, сепак сеуште во фудбалската јавност во светот се коментира потегот на Дидие Дешамп, селекторот на Франција кој реши да не го врати Карим Бензема назад во тимот.
Секој си има свој поглед на нештата, а поддршка за Дешамп дојде од славниот Фабио Капело.
“Никако, Дешамп воопшто не погреши што не го врати Бензема. Јас истата работа ја направив со Дејан Савичевиќ во 1993 година пред Интерконтиненталниот куп. Утрото пред самиот натпревар дојде кај мене и ми кажа дека е здрав и подготвен за мечот, иако јас претходно ја направив тактиката, се знаеше составот и се што треба да се стори од моја страна беше сторено. Откако го слушнав му кажав не чесно за тимот тој да настапи, а и за него. Јасно е дека се поставува прашањето дали Милан со Савичевиќ и Франција со Бензема би освоиле уште еден трофеј? Можеби,да, но тоа сега не е важно“ изјави славниот тренерски маг.