Поранешниот шпански репрезентативец Андрес Иниеста сподели дека бил пријатно изненаден од настапот на националниот тим на Мундијалот во Катар под водство на Луис Енрике . Иниеста кој ја осигура единствената до моментов титула за Шпанија од СП 2010 година вели дека за да се освои титулата не е повеќе доволно талент и добри играчи туку и нешто повеќе.
Шпанците испаднаа во осминафиналето од Мароко.
„ Бев целосно уверен дека овој тим на Шпанија ќе оди далеку. Затоа што имав верба во оваа група играчи и во тренерот Луис Енрике. На крајот резултатот е таков каков што е. Ако не покажете игра која со која ќе бидете надмоќни од противниците, сосема е реално да бидете елиминирани веќе во првото коло. Секој натпревар сам по себе е многу тежок. Се разбира, сакав да постигнат повеќе, но овој резултат ќе биде корисен за иднината“, прокоментира Иниеста за „Марка“.
„Но, сите мораме да размислиме за тоа. По титулата во 2010 година, започнаа нашите тешкотии на Светските првенства. Во 2014 година во Бразил испаднавме уште по групната фаза. Во Русија сè уште не го поминавме осминафиналето. Значи, можеби имаме таленти, имаме добри играчи, но очигледно овие работи не се доволни. Светското првенство е комплициран, посебен турнир. За да бидеш таму, треба да се подготвиш на поспецијален начин“, вели 38- годишниот играч од средниот ред, кој игра во Јапонија за Висел (Кобе).