Узбекистанскиот тим Локомотив Ташкент е новиот клуб за искусниот играч за врска Бојан Најденов (31), кој во есенскиот дел беше дел од Академија Пандев.
Иако имаше најави дека тој и натаму ќе игра во ПМФЛ, имаше неколку понуди од наши клубови, сепак Најденов кој има и четири настапи за нашата најдoбра репрезентација се одлучи одново за интернационална кариера.
Интересно е тоа што Најденов веќе има играно во првенството на Узбекистан, но за тимот на на Навбахор.
Денеска и официјално Локомотив Ташкент објави дека го ангажирал фудбалерот од Македонија.