Јасмин Мециновиќ, искусниот стопер на Скопје и еден од најдобрите дефанзивци во моментов во нашата елитна лига, се чини дека одново е пред интернационален предизвик. Имено како што дознава „Спортмедиа“, грчкиот клуб Илиополи кој се натпреварува во втората лига во Грција, веројатно ќе биде следната дестинација за Мециновиќ. Преговорите се во тек, интересот од Грција е огромен, па лесно може да се случи деновиве да има и потпис на нашиот дефанзивец за Илиополи и негова промоција во новиот клуб.
Да кажеме дека Мециновиќ има добра понуда и од клуб од Косово, но засега во преден план е Грција.