Најдобрите за 2022: Егоров, Наковска – Бикова, РФМ, а Лазаров и Пандев со посебни награди за величенствени кариери! (ФОТО)

353

АМС и Сојузот на спортски федерации вечерва на свечена манифестацијата ги избраа најдобрите во спортска Македонија за оваа 2022 година.

Наградата за најдобар спорист ја доби борачот Владимир Егоров, додека за најдобра спортистка беше прогласена Оливера Наковска Бикова, која оваа година блескаше на СП и ЕП во пара стрелаштво.

Кире Лазаров и Горан Пандев, нашите икони во ракометот и фудбалот добија посебни награди за величенствените кариери.

Тие добија статуетки како великани на македонскиот спорт.

Еве ги и другите признанија за спортисти на Македонија за 2022:

Најуспешна федерација: Ракометна федерација на Македонија

Најуспешен тренер/селектор: Дејан Митровски – Урко

Најдобар машки национален тим: Сениорската ракометната селекција на Македонија

Најдобар женски национален тим: Сениорската ракомета репрезентација на Македонија

Најдобар млад спортист: Петар Арсовски (бокс)

Најдобра млада спортистка: Јадранка Темелкова (кик – бокс)

Подвиг на годината: Марко Пејчиновски (пливање), Харис Беќири (еверестинг)

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноОфицијално: Калц е нов тренер на Тетекс!
СледноТетоважа во чест на аргентинскиот голман, но со погрешно име