Рабио за Мбапе: Навистина ме нервира!

1554

Адриен Рабио, играчот за врска на Јувентус и еден од клучните играчи на селекцијата на Франсија која го освои второто место на СП во Катар, имаше интересна забелешка, поточно критика кон мега – ѕвездата Килијан Мбапе:

Килијан Мбапе навистина ме нервира, ме иритира и тоа кога дава интервјуа. Кога е со нас разговара нормално, но кога ќе дојде време за интервју е тогаш го менува гласот. Не знам зошто тоа го прави. Мислам дека тоа сите го имаат забележано“ по малку во шега изјави Рабио.

Сега не се знае на овие негови зборови како ќе реагира самиот Килијан Мбапе, се разбира останува да се види.

ПретходноРакометарите минимално поразени од Црна Гора на вториот „тест“
СледноКФСМ во посета на Заводот за рехабилитација на деца и младинци (ФОТО)