Светнаа рефлекторите на ФФМ! (ВИДЕО)

1089

Како што и беше најавено, вечерва светнаа рефлекторите на ФФМ, односно на терените на комплексот “Петар Милошевски“ во Скопје. Се разбира дека ова е убава вест како за сите во Фудбалската федерација туку и за оние кои го користат теренот, пред се младите селекции за натпревари, а сениорите кога тренираат, и тоа сега ќе можат да го прават и во доцните вечерни часови под светлоста на рефклекторите. Со ова и дефинитивно целиот комплекс, односно тренинг центарот може да се каже дека ја заокружи својата форма во еден модерен фудбалски комплекс.

ПретходноМонако со триумф на гости кај Оксер! (ВИДЕО)
СледноДаниеле Орсато е прогласен за најдобар судија на СП во Катар!