Ете, го дознавме добитникот на последното признание од СП во Катар кое заврши пред десет дена. Имено за најдобар судија на Мундијалот во Катар прогласен е Даниеле Орсато од Италија. Судија кој важи за еден од најдобрите во Европа и во светот, а најдобар со години во својата земја.
Орсато на Мундијалот во Катар судеше на три меча. Првиот беше оној на отворањето меѓу Катар и Еквадор, потоа ја делеше правдата на мечот меѓу Аргентина и Мексико, исто така во групната фаза, додека третиот и последен му беше оној меѓу Аргентина и Хрватска кога новиот светски првак ги растури Хрватите со 3:0 во полуфиналето.