Енрике: Против Полска ќе играaт Мората и уште 10 фудбалери

451

Шпанија не успеа да ја совлада Шведска во првото коло од ЕП. „Фуријата“ ја имаше играта, контролата на топката и фалеше само завршница – погодок за победа. Алваро Мората беше еден од најкритикуваните поради трите промашените шанси. Фановите не веруваат во можностите на напаѓачот на Јувентус и бараат тој да не биде стартер.

Но шпанскиот селектор Луис Енрике мисли поинаку.

Тој ќе биде стартер на мечот со Полска. Од него барам да продолжи да го напаѓа противничкиот гол, да продолжи да помага и во одбраната. Значи со Полска ќе играме со Мората и уште 10 фудбалери“, одговори Енрике.

Ако одиме со статистика, Мората има 40 натпревари за шпанскиот национален тим, а само еден фудбалер имаше подобри бројки од него по толку натпревари, а тоа е Давид Виља. Глобално, има уште еден фудбалер со повеќе голови во 40 натпревари, а тоа е Хари Кејн од Англија“, изјави Енрике.

Мората има 19 голови за шпанската селекција.

ПретходноИ тоа е можно – Македонија ги обедини Сараевчани
СледноПотврдени сите учесници во Евролигата и Еврокупот за 2021/22