Македонската фудбалска репрезентација е веќе во Амстердам каде што во понеделник ќе го игра последниот меч од групната фаза против Холандија. По двата порази во Букурешт, македонскиот национален тим се пресели во Амстердам каде ќе го игра мечот со фаворитот Холандија на „Јохан Кројф“ арената (понеделник, 18 часот).
Нашите фудбалери утринава одработија тренинг во базата на великанот Ајакс. Капитенот Горан Пандев е поштеден од тренажен процес затоа што има проблеми со зглобот на ногата. Ќе видиме дали тој ќе заздрави и ќе може да помогне во мечот со големиот противник.
Фото: Димитар Петковски