Дебитантот пред Вардар и Пелистер: Алкалоид го има најдобриот напад!

292

Дебитантот во Супер-лигата по само една полусезона, има со што да се пофали. Покрај тоа што имаше старт од соништата, овој дел од шампионатот го заврши со 11 победи и три порази, статистички котира на врвот, во една категорија е подобар од Вардар и Пелистер.

Нападот на РК Алкалоид е најдобриот во есенскиот дел на првенството и во двете групи од Суперлигата. Офанзивната формација постигна 474 гола и тоа е најдоброто остварување, пред нападот на Вардар кој има постигнато 465 погодоци и на Е. Пелистер кој пак постигна 454 гола. Ова се и единствените три екипи што постигнаа повеќе од 400 гола во првиот дел од сезоната.

Одбраната прими 348 гола, но РК Алакалоид има и позитивна гол разлика од дури 126 гола што е трето остварување зад Вардар и Е. Пелистер. Ова се воедно трите екипи што имаат гол разлика +100 гола.

На листата со најмалку примени голови се Вардар и Пелистер двата тима имаат примено 313 голови. Ова се двата тима кои се најголеми кандидати за освојување на титулата и оваа сезона, во плеј-офот пренесоа максимален број на бодови, по три.

ПретходноПлатил пола милион за да си го откупи договорот и да премине во клуб од Третата лига
СледноСампдорија со нова десетка во борбата за опстанок