Лидс го претстави третото засилување од РБ Салцбург

207

Англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед продолжи да ги засилува своите редови и денеска е официјализиран трансферот на Макс Вебер, австриски репрезентативец кој доаѓа од редовите на РБ Салцбург.

Тој доаѓа на препорака на тренерот Џеси Марш, а Лидс продолжи со засилувања од Ред Бул програмата затоа што летоска беа донесени Бренден Аронсон и Расмус Кристенсен од Салцбург односно Тајлер Адамс од Лапциг.

Вебер  може да игра како стопер и како класичен лев бек. Трансферот изнесува околу 10 милиони фунти. Играчот стави потпис на договор до летото 2027 година.

Тој има 13 меча за Австрија.

ПретходноЌака се враќа во Шкендија, Влатко Стојановски заминува!
СледноРоналдо ги мина лекарските прегледи во Ал Наср, се чека на промоцијата! (ФОТО)