Ќе почекаат за да се видат: Меси се враќа во Париз, Мбапе замина на мини – одмор во САД!

193

Се остварија најавите дека Лео Меси ќе го продолжи договорот со ПСЖ и ќе биде во Париз се до јуни 2024 година. Се чека само на официјализирање на потписот на најдобриот фудбалер во светот.

Инаку тој заедно со своето семејство, по двонеделната прослава на титулата од СП во Катар, во текот на утрешниот ден би требало да се врати во Париз каде ќе започне со тренинзи со цел што побрзо да се врати во тимот на “светците“.

Сепак таму нема да го чека Килијан Мбапе, на нивната прва средба после Мундијалот во Катар, ќе се почека барем неколку денови ако се знае дека Мбапе веќе е во САД каде што е на мини – одмор заедно со Ашраф Хакими. Инаку и двајцата синоќа присуствуваа на еден НБА натпревар.

Ова наиде на голем гнев кај фановите на ПСЖ кои се изненадени по одлуката на ПСЖ да му даде слободни денови на Мбапе по се оној катастрофален пораз од Ленс во првиот меч оваа година во Лига 1.

ПретходноЅвездите на Реал потпишаа илјадици маички, дресови, шорцеви на стадионот во Касерес (видео)
СледноМечот на „Сите ѕвезди“ во живо на МРТ