Утринава беше одработен вториот тренинг по пристигнувањето во Амстердам, или официјално првиот ако се знае дека вчера тренираа само оние кои не беа во комбинација со Украина, или пак имаа мала минутажа на тој меч.
Проблем е повредата на капитенот Пандев, зглобот е во прашање. Ќе видиме дали до понеделник до 18 часот, кога се игра натпреварот, нашиот најдобар фудбалер ќе биде ОК.
Во меѓувреме селекторот Игор Ангеловски гледа во „списокот“ и како да се мисли на кого да му укаже шанса. Нема дилеми дека ќе има измени од оној состав против Украинците, сепак ќе видиме.
Дали Мрме подготвува некое изненадување?