Главното засилување за нападот на Ливерпул оваа зима, Холанѓанецот Коди Гакпо од денеска и официјално е регистриран како играч на „црвените“. 23-годишниот напаѓач ја чекаше регистрацијата во Премиерлигата, а откако денеска документите се заверени, тој и официјално ќе може да се подготвува за својот прв настап во Англија.
Договорот кој Ливерпул го направи со Гакпо и ПСВ беше објавен на 28 декември. Репрезентативецот на Холандија сега би можел да влезе во конкуренција за саботниот натпревар кој Ливерпул го игра со со Вулверхемптон на “Енфилд“ во рамките на ФА Купот. Гакпо во Ливерпул ќе го носи дресот со број 18.