Проблем: Талески се повреди, нема да патува за Пореч!

697

Македонската ракометна репрезентација се соочи со проблеми во продолжение на подготовките за претстојното Светско првенство кое ќе се одржи во Шведска и Полска.

За време на вчерашниот тренинг се повреди еден од играчите кој треба да биде лидер на Мундијалот. Филип Талески го повредил скочниот зглоб. Повредата бара одмор, па токму затоа тој нема да патува со тимот во Хрватска на „Кроација Купот“, ќе остане во Скопје за да го добие потребниот третман за да биде фит за најважното – Светското првенство во Краков.

Ракометарите за Пореч заминуваат на 5. јануари, додека мечевите против Хрватска и Израел се закажани за 7. и 8. јануари. По ова се враќаат во Скопје, на 11. јануари ќе трегнат за Краков каде во групната фаза ќе играат против Норвешка, Холандија и Аргентина.

ПретходноПромоција на Роналдо во Ал Наср: Дојдов да победувам и да уживам! (ВИДЕО)
СледноПоследен поздрав за „кралот“: 230.000 го испратија Пеле до вечниот дом (ВИДЕО)