Ванчо Димовски со емоции: Доне, се надевам дека ти некаде од горе го гледаш ова!

538

 

По завршувањето на ревијалниот меч меѓу репрезентацијата на Македонија и ветераните, кој го доби, како што и доликува, актуелната селекција, Ванчо Димовски исполнет со емоции не го заборави Андон Бошковски. Популарниот Доне кој долги години беше дел од стручниот штаб на нашата репрезентација и кој минатата година ненадејно почина со што ја шокираше спортска, пред се ракометна Македонија.

Димовски покрај другото го кажа и ова:

“Како прво ви благодариме што дојдовте во вака голем број. Се разбира дека треба да им се даде поддршка на сегашните репрезентативци пред нивниот настап на Мундијалот. Ние сме тука, но еден не е со нас, мора да го споменеме човекот кој беше долги години со нас како неизоставен член на репрезентација.Тоа е Андон Бошковски. Се надевам дека тој од некаде горе го гледа ова,аплауз за Доне“.

ПретходноПобеди хуманоста – со срце за СОС Детско село!
СледноПогребан „Кралот“ Пеле