Првиот човек на македонскиот ракомет, претседателот на РФМ Живко Мукаетов, со објава на социјалните мрежи им се заблагодари на сите учесници на вчерашниот несекојдневен ракометен хепенинг наречен „Сите Ѕвезди“.
„Македонија е среќна што имала ракометни легенди кои гордо и достоинствено го носеле црвено-жолтиот дрес. На „Сите ѕвезди за СОС Детско село“, победи хуманоста, а МВП беше шест илјадната публика во арената Борис Трајковски“, напиша Мукаетов.
View this post on Instagram