Барселона синоќа дури по 120 минути успеа да го мине третолигашот Интерсити во 3. коло од кралскиот куп. Тренерот на каталонците, Чави Ернандез по победата на неговиот тим со 4-3 со гол во последната минута од продолжението, изјави дека е загрижен од играта на својата екипа.
„Вакви работи се случуваат во Купот. Седум екипи од Ла Лига беа елиминирани. Можевме да водиме со 2-0 или 4-2, но си го отежнавме животот. Му дадовме премногу подароци на противникот во области каде што не бевме доволно наметливи. Чувството е исто како по натпреварот со Еспањол. Тоа беше првото предупредување, сега следува второто. Ме загрижува нападот. Во одбраната може се да се случи, но не и во нападот“, вели Чави.