Нов расистички скандал со навивачите на Лацио: Го расплакаа Умтити

379

Натпреварот меѓу Лече и Лацио (2:1) од 16. коло во Серија А вчера беше накратко прекинат поради жестоки расистички скандирања против двајца играчи на домаќините, светскиот шампион со Франција Самуел Умтити и Замбиецот Ламек Банда.

Навивачите на Лече се обидоа да ги задушат скандирањата на гостинските навивачи со извици „Умтити, Умтити“, а поддршката која ја доби од домашните навивачи го расплака 29-годишниот Французин, кој игра за италијанската екипа како позајмен од Барселона.

По мечот од Лече не пропуштија да го одбележат инцидентот со објава на социјалните мрежи.

„Расистичките скандирања беа задушени со охрабрувачки скандирања. Сите навивачи на „Џалоросите“ почнаа да скандираат само едно име, Самуел Јумтити“, напишаа од клубот.

И претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, не остана рамнодушен.

„Солидарност со Самуел Јумтити и Ламех Банда. Да викнеме јасно и гласно, НЕ ЗА РАСИЗМОТ!“, напиша првиот човек на светскиот фудбал.

ПретходноЧави по синоќешното мачење во Купот: Ова е второ предупредување за нас
СледноКој е анонимусот вреден 100.000 евра кој постигна хет-трик против Барселона?